За несреќата во која загинаа татко и син ќе се гонат осум лица и три фирми

0
32

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(40), Д.М.(59), П.Г.(42), П.М.(56), С.С.(39) и Р.П.(58), сите од Скопје и скопско, против З.Н.(61) од Битола и Х.Р.(58) од Косово, како и две правни лица од Скопје и едно правно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување опасност при градежни работи” предвидено и казниво по член 289 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ предвидено и казниво по член 292 став 2 од Кривичниот законик и кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ предвидено и казниво по член 297 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ предвидено и казниво по член 300 став 2 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

извор: Република