Во Скопје се одржа традиционалната Дедомразовска трка

Денес низ улиците на Скопје се одржа традиционалната Дедомразовска трка, јавува Агенција Анадолија (АА).

На трката учествуваа стотици учесници во дедомразовски костуми кои трчаа на патеката долга два километри, со старт од трговскиот центар „Скопје сити мол“.

Пред трката се одржа и музичка програма, како и загревање со фитнес инструктор.

Трката се одржа во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв” од Скопје.

Покрај натпреварувачки, трката има и забавен карактер, на кој учествуваа и деца во придружба на родителите.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).