Попов го помина филтерот на собраниската Комисија – Македонија конечно ќе добие амбасадор во САД

Новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави, Зоран Попов, денеска го помина и филтерот на собраниската Комисија за надворешна политика.

Тој своите тези за дипломатската мисија во САД ги презентирање пред Комисијата за надворешна политика, зад затворени врати, поради како што истакна претставник на МНР, доверливиот карактер на информациите. Неговото излагање можеа да го проследат само пратениците кои поседуваат безбедносни сертификати.

Со презентацијата на тезите во Парламентот завршени се сите процедури за заминување на амбасадорот Попов на дипломатската мисија во Вашингтон.

Попов на оваа позиција доаѓа од местото државен секретар во МНР.

извор: Канал 5