Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 65-та седница. Премиерот и министрите на почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година.
На седницата се донесени повеќе одлуки, меѓу кои Владата го задолжи Министерот за внатрешни работи, да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година, по известувањето од Министерството за внатрешни работи дека во буџетот на МВР за 2022 година се предвидени средства за ваквото покачување од месец септември и барањето на МВР за донесување ваков заклучок, со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите.
извор: Влада
фото: Влада