Владата на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање 134-ца припадници на Армијата на Македонија за учество на вежбата „SABER JUNCTION 22“, којашто ќе се одржи во Германија во период од 28 август до 21 септември .
– На денешната владина седница е разгледана и усвоена и Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија, за изведување обука за евакуација на лица во тешко проодни планински услови, се наведува во соопштението од владината седница.
извор:Влада
фото: Архива