Никола Паскали дипломиран археолог, специјалност подводна археологија, истражувач, спелео нуркач, фотограф, еко активост преку својот ФБ профил јавно упатува прашање: ДО КОГА ВАКА❓
Објавата од Паскали ја пренесуваме во целост:
Како е можно во државна институција која се занимава со истражувања и чување на културните добра да не функционира.
Да се занимава со трачарење и кој што напишал на ФБ и што рекол за нивната неспособност. Па ништо не видовме.
Вие во ИТ индустрија работате или со културно наследство признато од цел свет заштитено од УНЕСКО.
Зошто пропагаат културните добра во Охрид?
На што се сведе Завод и Музеј Охрид?
Повеќе од 400 регистрирани локалитети имаме во околината. Златни маски, наколни населби…
На што личат депоата каде што се чуваат артефактите и дали се веќе девастирани од негрижа.
Немате капацитет другари, а и немате доблест да ги отворите вратите за соработка.
•
Моето пишување за нестручното и раипничко работење има еволуција.
Најдобро вие си знаете.
Вие прво почнавте, сега читајте.
•
Срдечен поздрав Никола Паскали
Завод и музеј Охрид фамилијарна институција, затворен круг, проектчиња вујна, стрина.
извор: ФБ Никола Паскали