Почитувани мои, како што долго време најавувам и предупредував, наглата и огромна промена на времето пристигна на Балканот, снег паѓа на планините во Словенија и во Хрватска, додека вечерва снегот го очекуваме и на планините во Босна како и во Црна Гора, а не се исклучува можноста да побелат планините и во соседна Србија.
На картата може да забележуме дека на планинските места температурите во Хрватска и во Словенија се близи, па дури и под нулата. Додека во пониските места тие на многу места се спуштија и под 10 степени.
Инаку во Алпскиот регион до недела се очекува да наврне од 100 до дури 200 cм снег, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките планини во регионот, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.