Првиот снег во Германија

0
35

Времето се менува во Германија – се ближи зимата. На југот од земјата падна првиот снег. Тоа не е премногу невообичаено, но е ран сигнал да се извади топлата облека.

На повисоките места на баварските Алпи падна првиот снег. Снежната покривка е најголема на највисокиот планински врв на Германија – Цугшпице. Со оглед на летните температури до пред само неколку дена луѓето и животните треба да се навикнат на „впечатливата промена на времето“. А речиси и да нема никакво подобрување на повидок. Напротив, во Германија,  според метеоролозите на викендот постои ризик од поголеми количества врнежи на дожд и снег на повисоките места.

DW