(ФОТО) Протекоа нови пораки како се пишуваат скапо платени постови за кревање на рејтингот на Ковачевски

0
93

Како се делат инструкции за скапо платените вести за премиерот. На социјалните мрежи се споделуваат нови фотографии кои го докажуваат ова.

Инаку да потсетиме во последните 100 дена профилот Димитар Ковачевски потрошил 26,000 евра за спонзорирани постови на социјалните мрежи, се вели во новото истражување на ИРЛ.

Цела продукциска машинерија и гломазен владин пиар тим предводени од неговиот секретар за комуникации и неговиот шеф на кабинет работат во две смени за да ни го продадат лицето Димитар Ковачевски.  Но, нивната вистинска работа е да обезбедат корисни и важни информации за граѓаните, истражувале од ИРЛ.

Наместо тоа, на социјалните мрежи ќе ве нападнат идилични себерекламирачки спотови и постови, се вели во текстот на ИРЛ.

-Ниту еден денар потрошен за комуникацијата на мојот профил на социјалните мрежи не е од буџетски средства, ниту пак некој вработен во Секторот за комуникации на Владата бил ангажиран прекувремено за да ја сработува таа комуникација, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање околу трошоците за објави на неговите профили на социјалните мрежи.

 

фото: Социјални мрежи