Македон освои сребро на натпреварот „Математика без граници“

0
104

Македонскиот генијалец Македон Димитровски денеска го покажа медалот освоен на натпреварот „Математика без граница“. Фотографиите на Фејсбук ги сподели неговиот татко Владимир.

„Да ни се множат успесите“, напиша тој во својата објава.

Натпреварот „Математика без граници“ се одржа на 13 февруари, а Македон досега има донесено два златни медали по математика.

Момчето од Тетово Македон зборува повеќе јазици, германски, англиски, кинески и арапски и е генијалец во решавање математички задачи кои се наменети за втора година средно образование. Тој има IQ 134, а предвидувањата се дека со текот на неговото растење ќе достигне и до 145 -150.

 

plusinfo.mk