Аеродромот во Дубаи се проширува со цел да стане најголем во светот

0
31

Меѓународниот аеродром Ал Мактум во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе биде проширен, со што ќе стане најголемиот аеродром во светот, јавува Анадолу.

Потпретседателот на ОАЕ, премиер и владетел на Дубаи, Мухамед бин Рашид Ал Мактум, на социјалните мрежи ги објави најновите информации за проширувањето на аеродромот.

„Денеска го одобривме дизајнот на новиот патнички терминал на Меѓународниот аеродром Ал Мактум“, рече Ал Мактум.

За овој проект, компанијата „Dubai Aviation“ издвоила 35 милијарди долари.

Тој истакна дека се планира Меѓународниот аеродром Ал Мактум да стане „најголемиот аеродром во светот“ и да има пет пати поголем капацитет.

Ал Мактум истакна дека целта на аеродромот е фреквенција на околу 260 милиони патници годишно.

Тој рече дека аеродромот ќе има 400 влезови и пет посебни писти.

„Исто така, нови технологии за прв пат ќе се користат во нашата авијациска индустрија“, рече Ал Мактум.

Меѓународниот аеродром Ал Мактум се наоѓа во Џебел Али, 37 километри југозападно од Дубаи. Аеродромот официјално е отворен на 27 јуни 2010 година и стана главен дел од Дубаи Југ (Dubai South), планиран станбен, комерцијален и логистички комплекс.

 

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.