Предизвикувачкото патување на рибата од езерото Ван во Турција контролирано од крајбрежната стража

0
39

Припадниците на турската крајбрежна стража во последните денови вршат инспекции за да ја заштитат рибата Ван, која е ендемичен вид на езерото Ван, јавува Анадолу.

Aburnus tarichi, позната и под називите тарек, бисер ципал, е вид риба што се наоѓа само во Туркије, односно таа е единствената риба за која се знае дека го населува езерото Ван.

Езерото Ван во овој период од годината нуди единствена глетка поради јатата од овие риби кои пливаат спротиводно, кон слатките води за мрестење.

Нивното патување, кое е тешко бидејќи предаторот трпеливо чека прилика за улов, претставува ретка глетка, а припадниците на крајбрежната стража и многу невладини организации преземаат низа мерки за да го спречат рибокрадството.

На оваа единствена глетка и на тешкото патување на рибите, кои освен што пливаат спротиводно, мора да ги преживеат и нападите од галебите, присуствуваат голем број домашни и странски туристи.

Ван е најголемото езеро во Туркије. Се наоѓа на истокот на земјата, во истоимената област Ван. Езерото има површина од 3.712 квадратни километри.

извор:Анадолу.
фото:Анадолу.