Ѓоковиќ не го игра турнирот во Мадрид, но пристигна во Шпанија: Србинот доби подарок и од Реал пред Ел Класико

0
55

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Мастерс турнирот во Мадрид на кој традиционално не игра, но сепак во главниот град на Шпанија пристигна со друга работа. Тој ќе биде на доделувањето на наградата Лауреус за спортист на годината.

Новак Ѓоковиќ допатува во Мадрид заедно со своите колеги во конкуренција за оваа награда, а за време на престојот во главниот град на Шпанија реши да го посети еден од најпознатите натпревари во светот – шпанското Ел Класико.

Ѓоковиќ беше почесен гостин на Реал Мадрид, што можеше да се види и преку Твитер, каде „Кралскиот клуб“ ги угости Новак, Енди Гарсија и Том Брејди и по тој повод им подари подароци.

Секој од нив доби специјализиран дрес со своето презиме од претседателот Флорентино Перез.

 

telegraf.rs