Денес полни 73 години, познатиот македонски актер Ѓокица Лукаревски

0
54
ЃОКИЦА ЛУКАРЕВСКИ (73) е македонски актер , познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации.
Лукаревски е роден 1951 година во Скопје. Една година по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, во 1977 година во класата на проф. Илија Џувалековски се вработил во Драмски театар – Скопје. Со својата длабока доживувана глумечка интерпретација Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави каде толкува главни и споредни улоги.
За својата работа досега добил голем број на награди: Главната актерска награда на Меѓународниот театарски фестивал на детски претстрави во Котор – Црна Гора,Награда за најдобро актерско остварување Војдан Чернодрински (1984),Прв добитник е на Наградата за најдобра епизодна улога „Димче Трајковски“ што се доделува на традиционалната смотра на професионалните театри во Прилеп,Награда за најпопуларно ТВ-лице на годината на “Екран” (1995),Награда за најпопуларно ТВ-лице според списанието “Вечер” (1996),Награда за најдобра улога на фестивалот во “Котор” (2010),Награда за животно дело Анче Џамбазова (2020), Награда за животно дело на фестивалот “Гола месечина” (2020),Награда за животно дело “Свети Јоаким Осоговски” (2021),Орден за заслуги за Македонија” (2024).
Настапил во поголем број на филмови: Исправи се Делфина (1977), Пресуда (1977), Оловна бригада (1980), Јазол (1985),Среќна Нова ’49 (1986), Хај фај (1987), Тетовирње (1991), Ослободување на Скопје (2016)…
Освен настапот во повеќе тв драми тој може да пофали и со настап во голем број на тв серии како . Илинден (1982), Комедијанти (1984), На наш начин (1985), Серијалот Македонски народни приказни (1986-1992)((1994-2000)(2000-2003)(2010)(2012-2015)(2022),Трст виа Скопје (1987), Македонски балади(1987), Втора смена (1988), Чук чук Стојанлче (1988), Тврдокорни (1988- 1992), До ре ми (1990), Опстанок (1990-1991), Македонија може (1991), Чудовиште во нашиот град (1992), Во светот на бајките (1995), Погрешно време (2000), Светот има осум страни (2000-2001), Агенција Осамени срца (2001), Битолски патрдии(2003),Куќен совет (2008), Ветар низ тополите (2009),Балкан бенд (2009), Азиланти (2010), Дајте музика (2019 – 2023), Бистра вода (2023)…