1582 По неколку други европски земји, и во Франција е воведен грегоријанскиот календар, со прескокнување на 10 дена, и сметајќи го денот по 9 декември како 20 декември.
1830 Учесниците на Лондонската конференција, на која беа застапени Британија, Франција, Австрија, Прусија и Русија, се согласија за одделување на Белгија и Холандија, по востанието што го кренаа Белгијците, за да формираат независна држава.
1994 Непопусливоста во разговорите меѓу руското и чеченското раководство доведе до жестоки борби во главниот град на Чеченија, Грозни и до стотици загинати невини граѓани.
1902 Француските научници Марија и Пјер Кири лабораториски издвоија нов елемент – радиум што го открија уште во 1898 година. Тие тогаш, само утврдија дека радиумот постои, но беа потребни низа години голема работа, трпеливост и самооткажување додека, Марија Кири успеа лабораториски да ги издвои чистите честички на радиумот.
Во 1903 година Марија и Пјер Кири ја добија Нобелова награда за физика.