Реџепи за ТВ 21: Со 4 пратеници ја рушиме Владата, ако нема правда за сите!

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува независниот пратеник Скендер Реџепи Зејди.

Со него дебатираме за анкетата на ИРИ, рејтингот на политичарите, корупцијата како и ниската доверба на граѓаните во судството

„Замислете, политичарите со анти-албанска реторика имаат највисок рејтинг кај Македонците, мислам на Апасиев и Груевски. Ова значи дека се враќа национализмот во Македонија. ДУИ поради коалицијата со ВМРО изгуби многу пратеници, токму поради политиките на Груевски“, вели Реџепи.

Според него, анкетата на ИРИ покажува дека има значителен пад на довербата во правосудството, а вели дека со четири пратеници ќе ја срушат Владата, доколку нема правда за сите.

„Видете што се случува со одлуката на Апелација за Мијалков. Ова е пораз за правдата во Македонија. Мојата поранешна партија Алтернатива стана дел од Владата со ветување дека ќе работи за реформи токму во секторот правда. Еве јас сум независен пратеник, ако се согласни другите тројца пратеници на Алтернатива, ќе гласаме против оваа Влада ако нема сериозни реформи во правосудството. Без тие 4 пратеници паѓа Владата. Ослободувањето на Мијалков е политичка одлука“, додава Реџепи.

 

извот: ТВ21