Македонските физичари освоија 4 бронзени медали на Олимпијада по природни науки во Тајланд

0
250
На 20. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки која се одржува од 1 до 10 декември 2023 година во Бангкок, Тајланд, олимпијците од Македонија освоија 4 бронзени медали, и тоа:
• Андреа Нешковска, ученичка во прва година во СОУ „Јосип Броз-Тито“ во Битола
• Даниел Христовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје
• Ивано Божиновски, ученик во прва година во „Математичко-информатичка гимназија“ во Скопје
• Елена Јовановиќ, ученичка во прва година во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје
На олимпијадата успешно се претставија и учениците:
• Андреј Доневски, ученик во прва година во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово
• Мила Порјазоска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, Скопје
Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодаруваат на водачите и на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот.
Во оваа прилика уште еднаш се заблагодаруваме и на ФД СН Финансии ДОО Битола од Битола кои целосно ги покрија трошоците за учество на оваа олимпијада.
фото ФБ