Тошковски: Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен Градоначалник на една скопска Општина

0
60
Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен Градоначалник на една скопска Општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело “Злоупотрба на службената положба и овластување” согласно член 353 од КЗ.
Имено, истиот на ден 04.08.2021г. со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес по спроведена постапка за јавна набавка на работи – реконструкција на спортски игралишта на територија на Општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортското игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје.
На тој начин пријавениот го оштетил Буџетот на општината за износ од 662 885 денари кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.
Во координација со СВР Скопје, Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава, пишува во својата објава министерот Тошковски.