Денес и утре се очекува локална попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денес и утре особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста  и за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

И во делови од Скопската котлина особено денес попладне и навечер ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека во Скопје таа ќе се искачи до околу 23 степени.

Поголема нестабилност со врнежи, грмежи и локално невреме очекуваме во вторник, но многу повеќе детали околу ова очекувајте во следните наши метео објави, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk