Денес Владина делегација предводена од Ковачевски на 77. Генерално собрание на ОН во Њујорк

Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на сопругата, од денеска до 24 септември ќе ја предводи владината делегација која ќе учествува на Генералната дебата на 77. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД).

Во состав на владината делегација се министерот за надворешни работи Бујар Османи, постојаниот претставник на Република Северна Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчковски, како и советникот за надворешни работи Едмонд Адеми.

 

Според агендата, премиерот Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на Главната дебата на 77-то Генерално собрание на ОН каде тема е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици”.

Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на Самитот за трансформација на образованието под покровителсто на генералниот секретар на ОН Гутереш и УНЕСКО. Дебатата ќе биде во насока на унапредување на образовните системи во земјите преку реформски процеси кои ќе обезбедат квалитетно и достапно образование за секое дете.

 

biznisvesti.mk