Златото падна на најниска вредност во последните две години

0
184

Цената на златото падна на најниската вредност во последните две години, по период на интензивен раст. Експертите тврдат дека има две причини зад падот на цената на златото.

Цената на златото на светскиот пазар падна во првата половина на септември под границата од 1.700 долари за унца, првпат од март-април 2020 година.

– Пазарот на злато реагираше на намерите на американската централна банка да воведе нови мерки во борбата против инфлацијата – изјави Карстен Менке, главен истражувач во компанијата „Јулиус Баер“, една од најстарите швајцарски банкарски институции.

Причината за тоа е што се очекува зголемување на каматните стапки поради мерките на американската Централна банка, кои на инвеститорите им ветуваат поголема заработка за вложување пари од златото, кое носи помал принос.

 

vakataka.com