Пецаков: Адреналински натпреватр на отворено во Македонија -Триумф, општината ќе овозможи поддршка за заинтересираните граѓани

0
27
Општина Охрид го поддржува и како локална самоуправа ќе земе активно учество и ќе им овозможи на заинтересираните граѓани од нашата општина да бидат дел од единствениот адреналински натпревар на отворено во Македонија – Триумф.
Адреналинскиот натпревар е помеѓу општините во Македонија, а за таа цел ги информираме и ги покануваме сите заинтересирани граѓани за учество на натпреварот кои ги исполнуваат критериумите да се пријавуваат во општина Охрид.
Критериуми за учество се:
– Да сте полнолетни,
– физички подготвени,
– ентузијасти по адреналински предизвици.
Натпреварот ќе се емитува на You tube каналот на Lazarov
Пријавите можете да ги поднесете на електронската адреса protocol@ohrid.gov.mk секој работен ден.