Известување за превземените мерки за гаснење на пожарот на депонија Буково:
????На ден 29.07.2023 год.(сабота) во попладневните часови од страна на непознато лице е подметнат пожар на депонија Буково; Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен и ги превзедоа сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот и нормализирање на состојбата во соработка со екипите на ППЕ од Охрид и Ресен ;Истиот ден пожарот беше стабилизиран и изолиран
На ден 31.07.2023 год. исто така беше подметнат друг пожар на сосема друга страна од депонијата Буково; И за двата случаи беше поднесена пријава до СВР-Охрид од наша страна за подметнат пожар од непознат сторител
????Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” повторно излегоа на терен и депонијата е под секојдневен мониторинг; Депонијата беше третирана со алги со цел задушување на пожарот; Изминативе денови со специјална механизација делот од депонијата кој e зафатен со пожар се покрива со големи количини земја, се вели во објавата на ФБ од ЈП Охридски Коминалец.
извор: ЈП Охридски комуналец