Во деновиве кога Охрид го живее врвот на туристичката сезона максимален ангажман на оперативните и дежурните екипи (24/7) за справување со комуналниот отпад, но и со расфрланиот отпад по јавните пешачки и зелени површини:
✔️Поранешна касарна каде се одржува манифестацијата ,,Ohrid calling 2023”,
✔️Културно-уметничките настани од фестивалот ,,Охридско лето”,
✔️Темелно миење и дезинфекција на контејнерите,
✔️Чистење на кејот, чаршијата, градското пристаниште, малото пристаниште кај Палас, во близина на амамот, градскиот парк и др. локации,
✔️Чистење на стадионот ,,Билјанини Извори” и плажа ,,Немо”,
✔️Во вечерните часови машинско миење на коловози, пешачки патеки и други јавни површини надополнето со рачно миење…
????️Продолжуваме за чист и среден Охрид, напиша на својот ФБ профил заменик градоначалникот на Охрид Перчо Божиновски.
извор: ФБ Перчо Божиновски