DW: 250 осуденици се надеваат на слобода со амнестијата

0
274

Околу 250 затвореници би можеле да бидат ослободени од издржување на затворската казна доколку биле усвоен предлог законот на Министерството за правда за амнестија на осудени за полесни кривични дела, информираат за ДВ од Министерството за правда.

Според Управата за извршување на санкции, во македонските затвори во моментот казната ја издржуваат 2.345 лица, од кои најголемиот дел се во затворот „Идризово“.

Ова е трет обид со амнестија да се решава проблемот со пребукираноста на македонските затвори, која што се нотира во секој извештај на Советот на Европа. Предлогот наскоро треба да се најде на владина седница. Министерството за правда бара поддршка од партиите за амнестија на затворениците осудени за полесни кривични дела. Опозицијата најавува блокада на иницијативата, за која постои скептичност дали ќе го реши проблемот со преоптоварениот затворски систем. Ако се , има предвид дека 250 осуденици би можеле да ги напуштат затворени, а проценките се дека над 2.000 други на ниво на државата чекаат упатен акт за одлежување на казната затвор, надлежните за затворите ја посочуваат пробацијата како еден од начините за поуспешно справување со проблемот.

 

 

DW