Ален Хасановиќ, македонскиот музичар кој се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, ја запроси девојката.
Популарниот пејач клекна на колена симболично на нејзиниот роденден, а според видеото кое го сподели на социјалните мрежи очигледно е дека навистина се потрудил свечениот момент да изгледа филмски.
Хасановиќ ја побара саканата за жена покрај базен во еден реномиран хотел.
Таа не ги криеше солзите радосници, а изненадувањето кулминираше со спектакуларен огномет.
mastilo.mk