Целосно затемнување на Месечината на 8 ноември

Вљубениците во астрономијата во вторник наредната недела ќе имаат можност да проследат редок поглед на целосно затемнување на Месечината и лунарна окултација на Уран.

Оние што ќе го пропуштат овој астрономски настан ќе мораат да чекаат до 8 септември 2025 година кога ќе биде наредното целосно затемнување на Месечината и на 12 април 2038 година за следната видлива лунарна окултација на Уран.

Затемнувањето на Месечината ќе биде видливо во Северна Америка, Јужна, Америка, Австралија и поголемиот дел од Азија. За разлика од затемнувањето на Сонцето, не постои опасност поврзана со гледањето директно во затемнувањето на Месечината.

Лошата вест е тоа што жителите на Велика Британија, Ирска и континентална Европа нема да можат да го проследат затемнувањето затоа што нема да биде видливо од овие земји, иако дел од затемнувањето ќе биде видливо во Северна Скандинавија и делови од Источна Европа.

 

 

fakulteti.mk