Регионалниот началник на полицијата на северот на Косово е суспендиран откако беше обвинет дека одбил да ја спроведе политиката на владата за постепено укинување на регистарските таблички издадени од Србија кога Косово сè уште беше дел од таа земја. Ненад Ѓуриќ беше суспендиран откако полицискиот инспекторат на Косово на вчера објави дека е осомничен за кривични дела поврзани со неговото одбивање да го спроведе планот. Министерот за внатрешни работи Џељал Свечља рече дека одбивањето да се спроведат одлуките на Владата претставува сериозна закана за безбедноста и стабилноста на Косово.
Радио Слободна Европа