Македонскиот хип-хоп артист Тони Зен и неговиот тригодишен син Јасен се нашле во многу непријатна ситуација – цел еден час биле заглавени во лифт, па морале да интервенираат пожарникарите.
Тој на социјалните мрежи сподели фотографија и јавно им се заблагодари на пожарникарите, нарекувајќи ги – спасители.
„Благодарност до пожарникарите кои бргу дојдоа и нѐ одглавија од лифтот во кој бевме заглавени еден час“, напиша раперот на својот Инстаграм-профил.
plusinfo.mk