Маск изјави дека неговото куче Флоки е новиот директор на Твитер

Милијардерот опиша како спие на подот од библиотеката на седмиот кат во зградата на компанијата, со која сега, според неговите зборови, „управува куче“.

Во интервјуто, тој зборувал за управувањето со Твитер, што го купи во октомври 2022 година. Тој го опиша целиот процес како „болно искуство“. На прашањето дали ќе ја продаде компанијата доколку некој сега му понуди 44 милијарди долари, односно сумата за која го купи Твитер, Маск одговори дека нема.

„Доколку го продавам Твитер, би морал да бидам сигурен дека купувачот ќе биде посветен да ја кажува вистината како и јас“, рече тој. Тој беше прашан и колку луѓе отпуштил откако го купил Твитер. „Кога ја купив компанијата, имаше нешто помалку од 8.000 вработени, а сега има 1.500“, рече Маск.

Маск коментираше и за некои од неговите контроверзни твитови од минатото. „Дали си пукав повеќе пати во стапалото со твитовите? Да. Мислам дека не треба да твитам по три часот наутро“, заклучил тој.

Патем, Твитер претходно ги означи американскиот НПР и британскиот Би-Би-Си како медиумски куќи „финансирани од владата“, откако НПР првпат беше означен како „медиум поврзан со државата“ што укажува на недостаток на независност на уредувачката политика.

 

kanal5.com