Масимо Савиќ (60) почина во Загреб, а тажната вест ја потврди и Aquarius Records. Сопругата Ени и ќерката Мирна со емотивна објава на социјалните мрежи се простија од Масимо. „По кратка, но херојска борба, нè напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ќе бидеме ваши девојки засекогаш.Ени и Мирна“, се вели во нивната објава.
Круна на неговата кариера беше концертот во Арена Загреб на 5 ноември 2022 година.Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а гимназијата ја завршил во Загреб каде ја започнал својата музичка кариера.Во 1983 година како водач на легендарната њу вејв / синт-поп група Доријан Греј го издава првиот албум – Sjaj u tami, а две години подоцна и вториот албум Za tuvoje oči.
vecernilist.hr