Кафето е омилен пијалок на многу луѓе, а многумина не можат да замислат да го започнат денот без да го испијат. Доколку сте љубители на кафе и планирате да ја посетите Виена деновиве, тогаш постои идеално место кое веднаш би можело да ве освои.
Виена е позната по многу работи, но само упатените знаат како можат да пијат кафе со уникатен вкус, кое се служи на многу интересен начин – во корнет. Место кое нуди ваква услуга е кафулето наречено „Фенстер кафе“, кое, судејќи по реакциите на интернет, веднаш освои многу посетители. Многумина од нив, откако ќе отидат во ова кафуле, не пропуштаат да споделат фотографија од кафето која изгледа како вистински специјалитет.
Во овој објект нема можност да се седне и да се нарача, туку да се земе кафе преку прозорец. Сепак, не е толку лошо ако сакате да уживате во голтка кафе додека шетате и гледате низ улиците на Виена. Кафулето „Фенстер“ во својата понуда има неколку различни видови кафе, а најпопуларно е она што се служи во корнет. Токму ова е причината зошто ова место е толку популарно меѓу луѓето.
На една од фотографиите можете да видите како на излогот на кафулето стои дека го има најскапото кафе во Виена, а познато е дека за овој пијалок ќе треба да издвоите и до 10 евра.
View this post on Instagram
info.mk