Почина Ева Еванс (29)

0
97

Ева Еванс, инфлуенсер и режисер на TikTok, почина на 29-годишна возраст.

Сестрата на креаторот на серијата Club Rat, Лила Џој, синоќа на Инстаграм објави дека Ева починала.

Вчера моето семејство ја доби веста дека нашата слатка, совршена, креативна, грижлива Ева, мојата прекрасна сестра, почина“, напишала Лила.

Причината за смртта на младата Ева не е позната.

Ева има повеќе од 300.000 следбеници на TikTok каде често објавува видеа за нејзиниот живот во Њујорк како ѕвезда во подем во филмската индустрија.

Минатата година Ева ја режираше серијата Клуб стаорец во која и глумеше.

 

telegraf.rs