Американските разузнувачки агенции соопштија дека не пронашле докази за вмешаност на руското раководство во смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе „Волстрит Џурнал“.
Еден од најжестоките критичари на Путин почина во арктички затворски логор во февруари, на 47-годишна возраст. Неговите сојузници, вклучително и сопругата Јулија, за смртта на Алексеј го обвинија рускиот претседател, што категорично беше отфрлено од Кремљ.
Како што објави „Скај њуз“, по неодамнешната проценка засновата на низа информации, меѓу кои и доверливи разузнувачки податоци и анализа на јавните факти, американски разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални.
Весникот цитира извори според кои, „наодите се широко прифатени во разузнавачката заедница и поделен од неколку служби, вклучително ЦИА и Стејт департментот.