60-годишна адвокатка стана Мис Буенос Аирес

Годините се само обична бројка.

Токму тоа го докажа Алехандра Мариса Родригез, која на 60-годишна возраст беше крунисана како победничка на Мис Буенос Аирес. Убавата адвокатка и новинарка се квалификуваше на изборот за Мис на Аргентина, кој ќе се одржи на 25 мај.

Алехандра е првата 60-годишна жена во историјата на ова натпреварување која ја освоила титулата.

„Поласкана сум што ја претставувам новата парадигма во натпреварите за убавина, бидејќи претставуваме нова етапа во која жените не се само физичка убавина, туку и збир од вредности“.

„Добивам пораки од многу луѓе кои се инспирирани и кои ми кажуваат дека како резултат на ова, се охрабрени да направат работи кои ги одложувале, проекти кои не се осмелувале да ги завршат, затоа што се чувствувале стари или затоа што мислеле дека е предоцна. Поласкана сум“ – реча Алехандра по победата.

 

femina.mk