Костовски: Одговорноста на секој пратеник е да работи и да ја заработи платата што му ја даваат граѓаните

0
430

Каква е таа активност кога бојкокотирате учество на седници и не закажувате седници каде што имате претседатели на комисии што им следуваат според Деловник тоа е многу пати досега кажано, меѓутоа најавуваат некакво активно бојкотирање на Собранието какво што не сме виделе досега, еве ќе видиме што е и какво ќе биде тоа. Одговорноста на секој пратеник што е платен од парите на граѓаните да дојде на своето работно место да се посвети да учествува на расправа или да не расправа, но пратеникот треба да е тука присутен и да допринесе за да го оправда својот месечен надомест во однос на својата плата. Затоа да оставиме на времето да видиме какви ќе бидат нивните однсеувања, истакна Мартин Костовски пратеник на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање.