Три лица уапсени поради инцидентот на сплавот „Фристајлер“, меѓу нив и еден грчки државјанин

Во акцијата на МВР, Петто одделение за криминалистички истраги и Третото основно јавно обвинителство денеска се уапсени три лица поради инцидентот на сплавот „Фристајлер“ на новогодишната ноќ.

Според Курир, меѓу уапсените е и еден грчки државјанин.

Уапсени се управителот, директорот и сопственикот на сплавот, пренесува Телеграф.

Тие се соочуваат со казна затвор од 1 до 8 години.

„Фристајлер“ почнал да тоне неколку минути по полноќ по пристигнувањето во 2023 година.

Сплавот бил регистриран за 220 луѓе, а на новогодишната ноќ, како што неофицијално дознава Курир, имало најмалку 400 луѓе, се претпоставува дека биле 500, а можеби и 600.

извор:Курир