Премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во вестите на Канал 5 рече дека Владата веќе се подготвува и тимови на Министерството за финансии веќе работат со цел најдобро да се справат со енергетската и економската криза.
Ковачевски се осврна на проблемот со недостаток на мазут во Европа, што веќе се почувствува во Словенија и во некои други држави, како и проблемот со гас, со оглед на тоа што најголемиот дел од Европа е зависен 100% од рускиот гас.
„Целта е да се обезбедат доволно количини на електрична енергија во текот на зимските месеци. Втората цел е да се обезбедат доволно количини на суровина за производство затоа Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) доби задача да потпише договори со добавувачи на јаглен, да го зголеми ископот на јаглен во државата, исто така се бараат начини за набавка на мазут во доволни количини“, истакна премиерот Ковачевски.
извор: Влада
видео: Влада