Турски државјанин со фалсификувани хрватски документи приведен на охридскиот аеродром

0
168

На 02.01.2022 во 13.00 часот на Граничниот премин Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Е.К.(36) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека хрватската патна исправа што ја приложил на увид била фалсификувана. Исто така, при преглед кај него биле пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка.

 

Извор: СВР Охрид