Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи и тоа мора да се смени

0
31

Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода Орце Ѓорѓиевски. Во ЗЕЛС се работи на составување тим кој ќе предложи измени во законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник.

Градоначалнику, по големиот пожар во Расадник, што ќе се гради таму?

По големиот пожар во Расадник, како што изјавив и за медиумите, нема да се гради ништо. За да се гради во Расадник, треба да се донесе Детален урбанистички план (ДУП).

За разлика од минатото и концептот од минатото, каде што во Расадник требаше да се изврши груба бетонизација од мојот предходник, од редовите на Социал-демократскиот сојуз, тоа е бившиот градоначалник на Кисела Вода, мојот концепт, кој што го понудив беше поинаков, граѓаните го поддржа и тој концепт станува пракса. Почнува во пракса да се реализира, а тоа значи во првиот дел од своето ветување, јас кажав и заврши успешно објавување и избор на меѓународен конкурс за идејно решение за Расадник. По завршената постапка треба допрва да се нарача изработка на ДУП.

Согласно финансиите на општината, кога ќе бидеме во можност, ќе извршиме постапка во која што ќе биде нарачан Детален урбанистички план, но во моментов сме далеку од таа постапка.

Така да сумирам долгото на кратко, во Расадник нема ништо да се гради, во Расадник јас препорачав на оние кои што беа загрижени, бидејќи во моментов единствено може да засадат некоја овошка, зеленчук и така натаму, може да се искористат својата имагинација и креација и да пристапат кон такво нешто.

Конкурсот заврши минатата година, беа избрани грчки и хрватски архитекти како победници на конкурсот. Рековте, далеку сте од нарачка за детелен урбанистички план. Во што е проблемот? Дали општината нема доволно пари за да се изработи нов урбанистички план?

Па, видите, ние функционираме по приоритети, по предлог на граѓаните. Концептот во функционалност, односно креирањето на буџетот е променат и приоритетите ги утврдуваме на годишно ниво, така беше минатата година, така ќе биде и оваа година, согласно финансиите кои што ги имаме на располагање, спрема потребите на граѓаните, односно приоритизација правиме на клучни проекти кои што треба се реализират во наредниот период. Ќе видиме годинава каква ќе биде состојбата при креирањето на буџетот. Секако во тоа неминовно ги вклучуваме граѓаните, таму нема да се изврши груба бетонизацијата, контурите се поставени.

Она што го планираа во минатото оди настрана, односно нема да го види светлото на денот, и излеговме како структура која што ја раководи општината, доследни на нашето ветување пред нашите сограѓани.

Имајќи в предвид дека следната година е изборна година, може ли се очекува во наредната година да биде предвидено пари во буџетот за Детален урбанистички план за тој регион или ќе чека некоја друга година?

Согласно, повторно ќе кажам, приоритетите на реализација на проектите во перспектива може и да биде нарачен Детален урбанистички план, но и да се нараче ДУП, тоа е постапка која што не се решава преку ноќ. Тоа е постапка во која што и многу други институции се вклучуваат. Пред се граѓаните ќе бидат вклучени во јавни анкети, а тоа е нешто што недостасуваше во минатото.

 

 

slobodnaevropa.mk