Оваа седмица и понатаму со потпросечни температури за септември и чести врнежи

Циклонската активност која не зафати уште од изминатата седмица, продолжува и во текот на оваа, и истата ќе условува да имаме чести повремени локални врнежи од дожд и тие локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи како и со засилување на ветерот. И во Скопскиот регион во текот на оваа седмица продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината тие повремено ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи, како и со засилување на ветерот.

Што се однесува до температурите, тие остануваат невообичаено ниски за месец септември, па така наутро на многу места ќе се спуштаат  и под 10 степени, понекаде и под 5 степени, а особено на високите планински места температурата очекуваме да се спушти и до околу нулата, со што е можна  и појава на првиот мраз за оваа сезона. Преку ден исто така останува свежо со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 14 степени, додека максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 21  и 24 степени.

Да напоменам дека ладниот  и влажен бран кој изминатата ноќ ја зафати Македонија, го донесе  првиот снег за оваа сезона  и на високите предели на Шар Планина, претходно снег падна  и на Пелистер, пишува во најновиот извештај метеопрогнозерот Славчо Попоски.

meteoalarm.mk