Нов обид за атентат на Трамп

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп е безбеден откако во негова близина беа испукани истрели, се вели во денешното соопштение од неговата кампања, пренесе Ројтерс.

Како што велат, Трамп е „преместен на безбедно“.

Во соопштението не се дадени повеќе детали.

Според Њујорк пост, две лица почнале пукање пред голф-клубот на Трамп во Флорида, но тој не бил во животна опасност. Весникот се повикува на извори од органите на редот.

Во јули, за време на предизборен митинг во Пенсилванија, маж отвори оган врз поранешниот претседател и иден републикански кандидат во САД, Доналд Трамп.

ФБИ нападот го опиша како обид за убиство, а осомничениот беше елиминиран од властите.

Трамп беше придружуван до автомобил од агенти на Тајната служба и полицајци. Тогаш куршумот ја промашил главата на Доналд Трамп за милиметри и го погодил во увото.

tv21.mk