Стоилковски: Криминалот и корупцијата заштитен знак за Ковачевски и Ахмети, Македонија на Извештајот на Транспаренси во друштво со Суринам, Индија и Тунис

Денес на прес конференцијата, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски беше прашан од медиумите за коментар за новиот Индекс за перцепција на корупција на Транспаренси, каде што Македонија има само два бода повеќе од лани и е на дното во регионот.

„Со Ковачевски и Ахмети наместо во ЕУ, Македонија отиде во друштво со Суринам, Индија и со Тунис. Тоа е така зошто криминалот и корупцијата станаа заштитен знак за премиерот со бизниси во енергетика и фирми чие броило се зголемува додека салдото на граѓаните на намалува и народот осиромашува“, истакна Стоилковски.

Портпаролот додаде дека со Ковачевски и Ахмети наместо во ЕУ, Македонија отиде во друштво со Суринам, Индија и Тунис. Додека народот во Македонија осиромашува и гладува, Ахмети живее како султанот од Брунеи во тврдина со ѕидови и капии.

„Тоа е така зошто додека народот гладува, Ахмети од Зајас живее како султанот од Брунеи во тврдина со ѕидови и капии од каде што не се гледа колку народот е сиромашен. Ова е брука за владата за која е сигурно дека е најлошата и која што треба да си замине час поскоро“, рече тој.

извор: ВМРО ДПМНЕ