Астрономите ја открија во март 2022 година и ја нарекоа „зелена комета“ поради нејзиниот зелен сјај и се смета дека потекнува од облакот Орт – збирка ледени тела за кои се верува дека постојат во најоддалечениот дел од Сончевиот систем.
„Oва ќе биде последната можност за човештвото да ја види оваа комета”, велат на шега познавачите за Зелената Комета Ц/2022 E3 (ЗТФ) која до утре, 1 февруари, треба да ѝ се доближи на Земјата. Еднаш во 50.000 години овој камен го заобиколува Сонцето, вклучително и нас.
– Во мигов е невозможно кометата да се види со голо око. Сепак, како што се приближува крајот на јануари, таа ќе станува сѐ посветла и ќе биде видлива со голо око ако небото е ведро и нема многу светлосно загадување во вашата област, вели Пол Вигерт, професор на катедрата за Физика и астрономија при Западниот универзитет во Лондон.
Во моментов видена е во Калифорнија во САД и во Канада. Гледањето со голо око би било тешко поради тоа што таа е највидлива по полноќ на убаво затемнето небо. Но, со телескоп и опрема лесно би била забележана, повторно, на доволно затемнето небо.
Се смета дека феноменот произлегува од интеракцијата помеѓу светлината од сонцето и диатомскиот јаглерод -нестабилна, гасовита форма на самиот јаглерод во кој атомите се споени заедно во парови. Го има на главата на самата комета, а додека свети ултравиолетовите зраци од Сонцето истовремено го распаѓаат, па затоа опашката не е баш зелена како што е главата.
миа