За девет дена граничниот премин Богородица го преминале над 78 000 патници. Близу 30.000 од нив се македонски државјани кои дел од празничните денови ги поминале во соседна Грција, објави Сител.
Некои од нив биле само за новогодишните празници, а еден дел го споиле и Божиќ. Според официјалната статистика на преминот почнувајќи од 30 декември па заклучно со 8 ми јануари излез од Македонија и влез во Грција оствариле 17.451 македонски државјани, а влез 12 388. Најголемата фреквенција е регистрирана за време на новогодишните празници, а слична состојба се очекува и вечерва.
Од почетокот на годината голем е бројот и на странски државјани кои го поминале граничниот премин Богородица. Вкупно се регистрирани 48457 патници.Од нив околу 28 000 оствариле влез во нашата држава, а излез 20 464. Најголемиот дел од нив се српски државјани кои патуваат во Грција и грчки државјани кои традиционално дел од празниците ги поминуваат во Македонија.
извор: Сител