19 годишник осомничен за убиство во обид поради пари за коцкање

0
303

Обвинителството соопшти дека 19-годишно момче е осомничено за убиство во обид затоа што во саботата додека се шетал по казина низ тетовско, неговиот пријател не сакал да му позајмува пари за коцкање кои ги губел на апарати.

Нападнатиот со повреди од нож во градите и во стомакот се обидел да избега, но напаѓачот успеал да го стигне и продолжил да го боде во главата и во градите. Жртвата ги дала 300-те евра што ги има за да се спаси од напаѓачот кој со парите се вратил во казино.

Обидот за убиство се случил во саботата на 7-ми јануари. Нападнатиот со тешки повреди е на медицинско лекување, а обвинителството побарало куќен притвор и одземање пасош на насилниот тинејџер.

Соопштение на Обвинителството:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 7 јануари, се сретнал со оштетениот во раните утрински часови, по што се упатиле во казино во селото Желино. Во казиното му побарал 50 евра на оштетениот, кои веднаш ги потрошил. Потоа отишле во казино во селото Жеровјане, каде исто така побарал и потршил 50 евра од оштетениот. Кога се вратил нервозен во возилото, осомничениот побарал уште пари од оштетениот, но тој одбил да му даде.

Во тој момент, осомничениот извадил нож од џебот и му се заканил. Оштетениот повторно одбил да му даде пари и му рекол да се симне од неговото возило, по што осомничениот му задал неколку убоди со нож во стомакот и градниот кош. Оштетениот веднаш излегол од автомобилот и почнал да бега, а осомничениот трчал по него со ножот во раката. Го стигнал и му задал уште неколку удари во грбот и главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот.

 

telma.mk