Маж ја нападнал партнерката во автобус на ЈСП

0
192

Вчера во 14.45 часот во Полициската станица Центар, М.Л.(42) од Скопје пријавила дека околу 01:30 часот во градски автобус на подрачјето на Центар, поради нарушени односи, била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.С., кој потоа се однесувал агресивно и кон останатите патници во автобусот.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

skopskoeho.mk