Сообраќајната полиција запрела педесет и шестгодишен маж во Суботица кој управувал „форд“ на кој му била истечена регистрацијата без возачка дозвола што му била одземена поради казнени бодови и со алкохол 4,07 промили.
Припадници на МВР во Суботица привеле двајца возачи поради насилно возење, јавува ртс.
Покрај педесет и шестгодишниот маж со 4,07 промили алкохол, кај Суботица е пронајден и педесет и двегодишен маж кој додека возел велосипед со 2,90 промили алкохол во телото удрил во камион и е полесно повреден.
Против возачот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.