Две лица тешко повредени во сообраќајка кај „Стража“

0
131

На 12-ти февруари 2023 година, во 22:55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на превојот „Стража“, патничко возило марка „БМВ“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од страна на 22-годишниот А.У. од кичевското село Поповјани, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот, 19-годишниот Д.Н. од Кичево, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево, информираат од МВР.