По долгогодишна битка со неплодноста, на само ден пред големиот празник Василица, 52 годишна мајка на свет ја донесе Јана. Јана е најновиот член на нашето големо семејство, која дојде по пат на царски рез, со тежина од 2600 грама.
„Она што често сме го нагласувале, а постојано се потврдува во пракса, е фактот дека пациентки над 50 години, кои забремениле по пат на ИВФ постапките, стануваат мајки и се породуваат во нашата болница, токму како и во овој случај. Наскоро, очекуваме пациентка на 53 годишна возраст, која исто така забремени по пат на ИВФ, да се породи во нашата болница. Со ова, уште еднаш докажуваме дека упорноста и желбата на мајките да донесат на свет свое новороденче е поголема и посилна од се, а нашиот стручен тим се вложува до максимум, за да ја реализира таа нивна желба“, истакна прим. Д-р Таше Трпчевски, шеф на најдобриот, според реализација ИВФ тим во Македонија.